Иднината е во техничките науки Како што се развива техниката, така се олеснува животот на човекот. Човекот отсекогаш сакал да си го олесни својот живо

dokumen-dokumen yang mirip
Структура на атом и хемиска врска

ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТЕРМИНИРАНИ СЕГМЕНТИ НА ИЗНАЈМЕНИ ЛИНИИ

БИЛТЕН. за семејно планирање

Измени во Апликативен Софтвер ONYX Navision ЕЕ

Стратегија за развој на радиодифузната дејност во Република Македонија

ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА И РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Содрж ина ВО ВЕД... 3 ИН ФО РМ А Ц ИЈА ЗА РА БО ТА ТА... 4 ИН ФО Л ИН ИЈА И ИН ФО М А ИЛ Н А ФО Н Д О Т ЗА ЗД РА ВСТВЕН О О СИГУ РУ ВА Њ Е... 4 ()...

С О Д Р Ж И Н А. Број 88 год. LXVII 30 јуни 2011, четврток Цената на овој број е 210 денари.

НА СОЦИЈАЛ ИСТ ИЧ К А ФЕДЕРАТИВНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА

Број октомври 2017, петок година LXXIII

Број ноември 2013, среда година LXIX

Соња Хартнет, аустралијска списатељица и добитница награде Астрид Линдгрен за годину

ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ

М И Н И С ТА Р С Т ВА

СПЕЦИЈАЛЕН СИНГЛ. Двојна. шанса. Вкупно голови Вкупно голови. I п. I п. I п. II п. II п.

Поклони. Срећни новогодишњи и божићни празници. Поклон календар читаоцима. У овом броју: Каблови за аутомобиле широм света

НОВО IIOЉE РАДА ЗА ЖЕНЕ

I СПЕUИJАЛНА 60ЛНI1UА ЗА РЕХАБИII"LА!..8У 'БУКОВИЧКДБ~ч APAHiEIIVDNI БР ш:оу.

25. октобар Број

ЗАПИСНИК О ОТВАРАЊУ ПОНУДА за јавну набавку у отвореном поступку 2/2015

I СП~UИJАnНА БОnНИuд ЗА РЕХА6ИЛМТАЦМJY

ВОДИЧ ЗА РАЗУМЕВАЊЕ ИСЛАМА

ИЗ САДРЖАЈА ПОТ ПИ САН АК ЦИ О НАР СКИ СПО РА ЗУМ ИЗ МЕ ЂУ ПО ШТЕ СР БИ ЈЕ И КОМ ПА НИ ЈЕ ОТЕ

КАКО СЕ ОСЛОБОДИТИ ГОЛОГ ЖИВОТА?

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

АДРЕСАР ЕКИПА ТРОФЕЈ НОВОГ САДА. ТЕКУЋИ РАЧУН: , Банка Интеса ОДБОЈКАШКИ САВЕЗ НОВОГ САДА-VOLLEYBALL ASSOCIATON OF NOVI SAD

Правилник о преносивости броја у јавним телефонским мрежама на фиксној локацији

ЗВЕЗДАНО НЕБО ЗА ПОЧЕТНИКЕ

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКУ СРЕДСТАВА ЗА ЧИШЋЕЊЕ И РЕПРЕЗЕНТАЦИЈУ У ПОСТУПКУ ЈАВНЕ НАБАВКЕ МАЛЕ ВРЕДНОСТИ. Јавна набавка бр: ЈНМВ-1/04-502

Ноћ над Београдом IN MEMORIAM. Проф. др Мирослав Јовановић (1. мај јануар 2014)

Стање сектора вода у Србији

ТМ Г. XXXIV Бр. 1 Стр Ниш јануар - март 2010.

У ИМЕ НАРОДА. ОКРУЖНИ СУД У БЕОГРАДУ, у већу састављеном од судије. Маријом Недић, у кривичном предмету против оптуженог Радомира Марковића и

МИЛАН АНТИЋ. Миодраг Јанковић. Министар Двора

Одбојкашки викенд за памћење» страна 31 У ПАНЧЕВУ, У ПЕТАК, 3. ФЕБРУАРА ХУ МА НОСТ ПО РО ДИ ЦЕ АША НИН ИЗ ОМО ЉИ ЦЕ СПАСЛИ ТРИ ЖИВОТА

''РЕКОНСТРУКЦИЈА БАЗЕНА''

ПРЕДМЕТ НАЗИВ УЧБЕНИКА АУТОР ИЗДАВАШ Српски језик Шитанка Ризница мудрпсти прерађенп издаое; Граматика за 8. разред; Радна свеска за 8.

Сокобањске. Новине. Крушик уместо крузера. Дани Светог Јована Биљобера. Први Врмџа фест. Novosti juga

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Претплатата за 2000 година изнесува денари. Овој број чини 200 денари. Жиро сметка

КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈА СРБИЈЕ

Правилник о квалитету и другим захтевима за јестива биљна уља и масти, маргарин и друге масне намазе, мајонез и сродне производе. Члан 1.

ОПШТИНСКА УПРАВА ПЕЋИНЦИ ИНСПЕКТОРУ ЗАШТИТЕ ЖИВОТНЕ СРЕДИНЕ. Број: Датум: год. ЗАВОД ЗА ЈАВНО ЗДРАВЉЕ СРЕМСКА МИТРОВИЦА Стари шор 47

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА за јавну набавку добра канцеларијски материјал отворени поступак по партијама

Аутори: мр Јелена Матић др Бисерка Несторовић др Гордана Ђукановић дипл. инж. Тања Палија маст. инж. арх. Александра Бурда

Конкурсна документација у поступку ЈНМВ бр. 05/17 1/28

КОИКУРСИА ДОКУМЕИТАЦИЈА. зајавну набавку услуга - Продужење интернет домена у власништву РАТЕЛ-а. поступакјавне набавке мале вредности

Телеком Србија Предузеће за телекомуникације а.д.

О Д Л У К У О ИЗБОРУ КАНДИДАТА КОЈИ ОСТВАРУЈУ ПРАВО НА ДОДЕЛУ СТИПЕНДИЈА И ИЗНОСУ СТИПЕНДИЈА У ГОДИНИ

ОПШТИНСКА УПРАВА ПЕЋИНЦИ ИНСПЕКТОРУ ЗАШТИТЕ ЖИВОТНЕ СРЕДИНЕ. Број: Датум: год. ЗАВОД ЗА ЈАВНО ЗДРАВЉЕ СРЕМСКА МИТРОВИЦА Стари шор 47

Novosti juga. Лето: Време манифестација. Неодговорно запошљавање. Предраг Ј. Марковић

Конкурсна документација у поступку ЈНМВ бр. 05/16 1/28

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ОДРЕЂИВАЊЕ ПОЛА И ПОЛНО ВЕЗАНИХ ОСОБИНА. Светлана Мршић

Дијелови Литургије: Православни поглед

Стручни рад УТИЦАЈ ИНТЕРВАЛА УСПОРЕЊА НА БРЗИНУ ОСЦИЛОВАЊА ТЛА ЗА УСЛОВЕ РУДНИКА "РУДНИК" Лутовац Сузана 1, Трајковић Слободан 1, Станић Слободан 2

Рев. 5. СЕКТОР ЗА РАДИО-КОМУНИКАЦИЈЕ

Предмет: Извештај комисије за оцену завршене докторске дисертације, кандидата мр сци мед. др Јасмине Ђинђић

Средњебанатски округ

FRASA ADVERBIAL DALAM BAHASA RUSIA (Tinjauan Sintaksis) Oleh: INTAN NIRMALASARI

Часопис Планинарског савеза Србије - година XVIII-ISSN број 72 - пролеће Цена 100дин.

РЕПУБЛИКА СРБИЈА АУТОНОМНА ПОКРАЈИНА ВОЈВОДИНА ГРАД НОВИ САД ГРАДОНАЧЕЛНИК

О СТИЦАЊУ ЗВАЊА, ОБАВЕЗАМА, ОДГОВОРНОСТИМА И ЛИЦЕНЦИРАЊУ КАРАТЕ СУДИЈА

DOI: /PKJIF V УДК 27-36

Садржај. О нама 3 TURBINA VAWT 300 производ 5. TURBINA VAWT 5000 производ 9. Историја 12 Будући пројекти Инсталација 6 -Производ 7

Економска анализа се у области инжењерске праксе

МАШИНЕ АЛАТКЕ. РУКОПИСИ. МА2 ГЛАВНО КРЕТАЊЕ МАШИНА АЛАТКИ

З А К О Н О ЕЛЕКТРОНСКИМ МЕДИЈИМА I. ОСНОВНЕ ОДРЕДБЕ. Предмет закона

Редовна конференција за штампу ИЗВЕШТАЈ О РАДУ РЕПУБЛИЧКЕ АГЕНЦИЈЕ ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИЈЕ ЗА ПЕРИОД ОД ДО ГОДИНЕ

ЈП ЕПС - ЛИСТ ПРИВРЕДНОГ ДРУШТВА ЗА ДИСТРИБУЦИЈУ ЕЛЕКТРИЧНЕ ЕНЕРГИЈЕ ЈУГОИСТОК Д.О.О. НИШ

SEKCIJA. Часопис Планинарског савеза Србије година XX ISSN број 79 - зима Цена 100 дин.

Закон о стандардизацији

ОДЛУКУ. Четвртак, 24. април БЕОГРАД БРОЈ 18 ГОД. XXV

ОПШТИНСКА УПРАВА ПЕЋИНЦИ ИНСПЕКТОРУ ЗАШТИТЕ ЖИВОТНЕ СРЕДИНЕ. Број: Датум: год. ЗАВОД ЗА ЈАВНО ЗДРАВЉЕ СРЕМСКА МИТРОВИЦА Стари шор 47

ПРАВИЛНИК О ПРЕЛАСКУ СА АНАЛОГНОГ НА ДИГИТАЛНО ЕМИТОВАЊЕ ТЕЛЕВИЗИЈСКОГ ПРОГРАМА И ПРИСТУПУ МУЛТИПЛЕКСУ У ТЕРЕСТРИЧКОЈ ДИГИТАЛНОЈ РАДИОДИФУЗИЈИ

РЕПУБЛИКА СРБИЈА АУТОНОМНА ПОКРАЈИНА ВОЈВОДИНА ГРАД ЗРЕЊАНИН ГРАДСКА УПРАВА

ЗАКОН О ЕЛЕКТРОНСКИМ КОМУНИКАЦИЈАМА

ПРАВИЛНИК о начину коришћења аматерских радио станица

2014. СПРОВОЂЕЊЕ ПРОГРАМА ЛЕЧЕЊА НЕПЛОДНОСТИ ПОСТУПЦИМА БИОМЕДИЦИНСКИ ПОТПОМОГНУТОГ ОПЛОЂЕЊА

КОЛУБАРА. Насипи штите копове. Припреме за измештање Ибарске магистрале Планови на нивоу пре поплава Дуго путовање у прошлост

Закон о управљању отпадом

ЧАЧАК јануар, година

ПРЕГЛЕД ТРЖИШТА ЕЛЕКТРОНСКИХ КОМУНИКАЦИЈА У РЕПУБЛИЦИ СРБИЈИ. Подаци за први и други квартал године

ПЛАН РАЗВОЈА УСЛУГА СОЦИЈАЛНЕ ЗАШТИТЕ У ГРАДУ НИШУ ( )

ПРИВРЕДНО ДРУШТВО ЗА ДИСТРИБУЦИЈУ ЕЛЕКТРИЧНЕ ЕНЕРГИЈЕ "ЦЕНТАР д.о.о. КРАГУЈЕВАЦ, ул. Слободе бр. 7

Република Србија. Општинска управа Владичин Хан

СЛУЖБЕНИ ГЛАСНИК РЕПУБЛИКЕ СРПСКЕ УКАЗ О ПРОГЛАШЕЊУ ЗАКОНА О УПРАВЉАЊУ ОТПАДОМ ЗАКОН О УПРАВЉАЊУ ОТПАДОМ. Језик српског народа

Закон о рачуноводству

Бебина Миловановић НАЛАЗИ НАУШНИЦА У РИМСКИМ ПРОВИНЦИЈАМА НА ТЕРИТОРИЈИ СРБИЈЕ

XIII БЕОГРАДСКА ГИМНАЗИЈА ИЗВЕШТАЈ О РАДУ У ШКОЛСКОЈ 2014/2015. ГОДИНИ

Уговор о пружању консултантских услуга. У поступку продаје акција методом јавног тендера привредног друштва: «ВРШАЧКИ ВИНОГРАДИ» А.Д. ВРШАЦ.

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВНУ НАБАВКУ ДОБАРА ПНЕУМАТИЦИ ЗА АУТОБУСЕ, ТРОЛЕЈБУСЕ, ПУТНИЧКА И ТЕРЕТНА ВОЗИЛА

З А К О Н О УПРАВЉАЊУ ОТПАДОМ I. ОСНОВНЕ ОДРЕДБЕ. Предмет уређивања

мај, страна 1 од 58

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА за јавну набавку добара

ПРАВИЛНИК О УСЛОВИМА ЗА РАД АМАТЕРСКИХ РАДИО-СТАНИЦА

JАВНИ ПОЗИВ ЗА УЧЕШЋЕ НА ЈАВНИМ АУКЦИЈАМА

РЕПУБЛИЧКА АГЕНЦИЈА ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИЈЕ

ПРАВИЛНИК. о техничким и другим захтевима за течна горива нафтног порекла

ЗАКОН О УПРАВЉАЊУ ОТПАДОМ I ОПШТЕ ОДРЕДБЕ. Члан 1. Предмет уређивања

децембар Срећни празници!

Transkripsi:

Иднината е во техничките науки Кабинетот GTZ е еден од најопремените кабинети во нашето училиште, кој започна со работа во 2001 год. Опремен е со најсовремени уреди за автоматика: PLC, Siemens, LEGO-роботи, TICOLA-робот, PLC на база на микроконтролери и специјализиран софтвер, кои се донација на GTZ. Располага со опрема за пневматика, електромотори, електромашини, електропневматски транспортен систем итн. Во кабинетот главно се одржува практична настава, изборна (2 часа) и редовна (6 часа) за III година и редовна пракса (4 часа) за учениците од IV година од компјутерска техника и автоматика од електротехничка струка Исто така, во кабинетот се одржуваат семинари за професори од други училишта, за ученици од основното образование и за вработени во индустријата.

Иднината е во техничките науки Како што се развива техниката, така се олеснува животот на човекот. Човекот отсекогаш сакал да си го олесни својот живот, па затоа и ги откривал машините. Машина по машина, открива и усовршува сè додека не дојде до степен кога веќе нема што да развива, но тоа нема да биде во блиска иднина затоа што развивањето нема крај, никогаш. Развитокот на машините бил поттикнат од помислата за олеснување на животот, па затоа биле измислени безброј машини со најразлична примена. Можеме да кажеме дека човекот многу инвестира во својата иднина, па затоа заклучуваме дека тој, всушност, ја гледа иднината во техниката и затоа во неа вложува толку многу труд. Тоа е слично со вложувањето напор од страна на некој уметник во некое свое дело, кој доколку гледа нешто прекрасно и инспирирачко, го негува и го чува како свое дете, а доколку не го отфрла и Со изминувањето на времето, го потиснува како никогаш и да не се техниката се развива сè повеќе и случило. повеќе. Тоа не мора да го истражуваме и да го докажуваме, тоа е факт затоа што она што било најдобро вчера денес е веќе старо и дури и да сакаме да предвидиме што ќе дојде утре, не можеме. Но, затоа треба да ја негуваме иднината и да вложуваме во неа. А, како што заклучивме - иднината е во науката. Марко Прелевиќ III 5 1

Кој е, всушност, програмерот? Многу често во денешно време луѓето имаат погрешна дефиниција за тоа кој е човекот-програмер и каква е, всушност, неговата работа. Се мисли дека тој е човек кој по цел ден е зад компјутерот, работи нешто и прави којзнае што, живее во својот свет и за него не постои друг свет освен неговиот. Но, тоа не е точно. Зошто? Главната задача на еден програмер е да состави решение за некој проблем, да подготви програма според која ќе работи една машина. Но, ова не значи дека и ТОЈ е машина. Колку што проблемот е потежок, толку програмерот има повеќе работа. Верувајте, тоа e долга и макотрпна работа - како и секоја друга доколку се сфати сериозно. Честопати откако ќе се реши еден проблем, се појавува друг, сроден на претходниот. Програмерот е перфекционист. Откако ќе го реши проблемот, проверува - дали има некоја грешка, и ако не ја реши - таа грешка повлекува друга и можно е поголем дел од програмата да не работи како што треба. Сега пак, задачата е да се отстранат сите грешки, за на крајот да се добие функционална програма според која ќе работи дадената машина. Проблемите кои ги решава програмерот многу често корисникот не ни знае дека постојат или дека постоеле. Но, зарем истото не го среќаваме и кај другите професии? И пекарот проверува дали фурната добро работи, и лекарот проверува дали лекот што го препорачал е добар, и автомеханичарот проверува дали правилно го поправил моторот. Што е тука чудно? 32

Според некои, програмерите живеат во еден посебен свет во кој важат поинаков код и поинаква логика. За успешно да се разбираат луѓето потребен е ист систем на знаци. Понекогаш е проблем тоа што програмерите длабоко навлегле во употребата на сопствениот систем на знаци и честопати тешко им е да излезат навреме од него. Но, тоа не ги прави поразлични од другите - напротив. Ниту пак ги ограничува. Комуникацијата меѓу програмерите е професионлна, а тие се поуспешни и понапредни во обичната комуникација од останатите луѓе. Кога можат да испрограмираат комуникација меѓу машините - значи дека веќе ја усовршиле онаа обичната - меѓу луѓето. И програмерите уживаат во добра книга која ги поучува на обичен живот. Нивниот свет не е нереален, можеби само е надреален. Сакаат добра свирка, концерт, театар, изложба... И точно е дека вкусот им е истанчен и сакаат добри нешта. А, кој не сака? Тие се обични луѓе кои посветено се однесуваат кон професијата што ја избрале. Дали треба да се осудуваат поради тоа? И да се исмеваат заради генијалноста, лојалноста? Можеби светот околу нив не сака да признае колкава е важноста на нивната професија. Кога човек правилно расудува, ќе сфати дека во современиот начин на живеење програмерите го имаат главниот збор, клучот за вратата на 21 век, сепак, е во нивните раце. Марко Прелевиќ III 5 3

Мисли Мноштво од различни мисли. Доаѓаат и си одат. Tуѓинци влегуваат во тој стаклен сад исполнет со вода. Се движам и јас. Каде и зошто, постојано се прашувам. До одговор не доаѓам, но очигледно е дека и покрај толкавиот изминат пат заморот не се ни приближил, а не да се сретне лице в лице со мене. По тој ронлив пат чекорам толку спокојно и сигурно, но во еден момент пропаѓам. Падот не ме вознемирува, ниту пак предизвикува паника. Уживам. Тој трае предолго, ме изненадува висината, за која не бев свесен. Занемарив и оставив да го живеам тоа задоволство. Ненавикнат, почнав да ја чувствувам разликата и посакав да застанам на цврста основа, за да се средам, пред сè, психички. 4 III 5 Нема цврста основа, нема воздух, нема ништо. Јас и тишината како добри, стари пријатели застанати еден до друг, постојано жедни за разговор, се наоѓаме некаде во некоја нова димензија, креирана од нас. Ја започнав дискусијата. Сè течеше во најдобар ред, но во еден момент завесата се подигна и рефлекторите, вперени во мене, сакаа да ме голтнат претставувајќи ме пред тие непознати креации на суштества. Срам. Од самиот себеси или од присутните? Незнаењето ме предизвика. Врескав не земајќи предвид ништо и никого околу мене. Свест. О, конечно пристигна од острината на звуците. Го означи почетокот на тој необичен живот наречен ист ден и иста приказна, но и крајот на овој досегашен сон. Дарко Мирчев

Чувства Разнежнет од ладното есенско ветре, ги гледам голите костури на едно дрво и се губам со мислите во нивната простота. Така, задлабочен, отсјајот на месечината удира врз жолтото злато распослано по земјата. Ех, колку само малку се разликуваме едни од други! Чувствата нè прават поразлични од тие пупки, кои стануваат зелени вејки на ветрот, а потоа одвеани од посуровиот им брат се постилаат на црниот кревет. Крајот се наѕира и стануваат гнилеж. Потполно иста приказна проследена со таа емоционална разлика. Дарко Мирчев Сепак, таа мала разлика нè води кон големи промени. Или пак не... Или... Сеедно. Постоиме и ќе постоиме со оваа разлика. Едната ја посакуваме, а другата пак, не посакувајќи ја, повторно ја поседуваме. Мисла, јасна, чудесна, се заматува од заморот. Но, не умира. Одмора во тој стакленик, кој постојано одѕвонува означувајќи сè повеќе и повеќе почетоци не само на хоризонти од идеи, туки и изобилство на она нешто на нашето постоење. Чувства! III 5 5

Интервју со претставник на победничкиот тим од Регионалниот натпревар на знаење, вештини и способности Освојувачот СОТУ Ѓорѓи Наумов Битола во соработка со Фондацијата Бизнис Старт ап Центар- Битола на 28.01.201 2г, по повод патрониот празник на училиштето, организираше Регионален натпревар помеѓу учениците од средните училишта во Пелагонискиот регион, од Битола, Прилеп, Ресен и Крушево, за решавање на бизнис студии на случај. По тој повод разговараме со Валентин Танески, ученик од СОТУ Ѓорѓи Наумов - Битола, еден од победниците на натпреварот. -Најпрво искрени честитки до Вас за постигнатите резултати. Би сакале да ни кажете која беше целта на натпреварот? - Ви благодарам за честитките. Целта на натпреварот беше да се поттикне претприемничкиот дух кај младите и да влезат во светот на бизнисот со тоа што ќе одговорат на задача зададена токму од бизнисот. Истражувањата на пазарот покажаа дека 70% од младите сакаат да работат во јавна администација, банка, телекомуникациски оператори, но многу е битно да се развие претприемништвото. За таа цел во нашето училиште за првпат во регионот се организираше ваков натпревар. -Кој ве воведе во претприемништвото? Од каде желбата да земете учество во натпреварот од ваков карактер? -Морам да се заблагодарам на нашиот ментор,професорката Цветанка Митревска која ме воведе во бизнисот и претприемништвото. Таа имаше голема доверба во нас за да ни ја препушти задачата за претставување на училиштето. Исто така сакам да кажам само пофалби за организаторите на натпреварот проф Цветанка Митревска, помошник- директор Гордана Танеска и Бизнис Стартап Центарот- Битола. 6

-Колку долго се подготвувавте за натпреварот? - Редовно се состанувавме со професорката, а подготовките траеа две седмици. -Која беше вашата задача односно кој беше зададениот проблем? - Требаше да смислиме иновативен начин на рекламирање и воведување нов производ и да ја анализираме моменталната понуда на прес-клипинг производи и базирано на тоа да предложиме кои нови производи можат да се воведат. - Какви беа очекувањата, дали се надевавте на некое од првите места? - Натпреварот за мене, а верувам и за другите беше одлична можност да испробаме како функционираме во тим измешан од повеќе училишта. Пред се се надевавме на фер игра и добра организација. Можам да кажам дека нашите очекувања беа надминати, особено со големата заинтересираност за натпреварот и општо за целиот тек на настанот. - Што претставува ова искуство за Вас? Лично за мене, натпреварот претставува скокотлив предизвик, бидејќи до израз дојдоа многу аспекти: тимска работа, креативност, иновативност, брза реакција во нови околности,нашите знаења, талент и презентациските вештини. Благој Котевски Никола Бакрачевски II 4 7

Електронска библиотека Минатата учебна година во нашето училиште под менторство на професор Илче Ацевски започна изработка на веб базирана апликација за електронска евиденција на библиотеката во нашето училиште. Програмата ја изработија учениците: Петар Папалевски ученик во IV-4 и Алесандар Јованов (поранешен ученик), сегашен студент во прва година на Техничкиот факултет во Битола. Програмата овозможува електронска евиденција на сите книги кои ги поседува библиотеката. Со користење на оваа програма учениците во секој момент преку интернет, можат да ги пребаруваат книгите кои се достапни во билиотеката, да прегледуваат дали истите се слободни, да ги резервираат, како и можност за преглед на книгите кои ги имаат изнајмено претходно. Исто така, самата програма има можност на е-маил адресата на секој корисникот да му пристигне еден вид на потсетник дека треба да ги врати книгите. Програмата започна со работа од второто полугодие. Истата е достапна на следнава веб адреса каде што има инструкции за понатамошно користење http://library.gorginaumov.edu.mk/. Секој корисник на страницата може да се најави со својот бројот на членска карта и својата лозинка. Лозинката претставува комбинација од годината + паралелката + името на корисникот со мали букви. ( пример. Петар III-4 има лозинка 34petar ). Професорите се најавуваат на истиот начин само што наместо годината + паралелката тие ставаат две нули ( пример. Проф. Александар има лозинка 00aleksandar). Голема благодарност до учениците од III4 кои ги внесоа сите книги во билиотеката и, секако, до персоналот на библиотеката со којшто соработувавме додека ја креиравме програмата. 8 IV 4 Петар Папалевски

За секој електроничар За секој еден електроничар најнеопходно е да има еднонасочен напон со различни големини.исто така, добро е овој напон да е стабилизиран,со цел кога се поправа одреден дел од апаратот да не дојде до пренапон,а со истото и прегорување на делот.овој напон може да се добие од галвански елемент(батерија,акумулатор),но ќе има константа големина.тоа значи дека за секој дел од апаратот треба да се купува посебна батерија/акумулатор(1,5v;4,5v;9v;1 2V).Со тоа се усложнува поправката на делот,а и се зголемува цената на поправка на истиот.со таа цел се измислени направи кои го претвараат мрежниот наизменичен напон(220v) во еднонасочен напон со одредена големина.тие направи се наречени Исправувачи на напон со стабилизатори.сложеноста на изведбата на овие направи се менува зависно од тоа колкав напон и струја треба да дава истиот. Исправувач на напон 1,3-29V со стабилизатор LM31 7T ; 1 A Овој исправувач-стабаилизатор е основен и е најупотребуван кај електроничарите. Изведбата е многу проста и не е многу скапа. Елементи: Осигурач 1 А-os, Мрежен трансформатор (примар-220v;секундар-24v) -tr, Диоди: 4x1 N4001, Електролитски кондензатори, С1-2200 микрофаради/40v, С3-220 микрофаради/35v, С52,2микрофаради/25V, Кондензатори, С2=С4-0,1 микрофаради/керамички, Отпорник R1-220 оми/1 W, Потенциометар-4,7 килооми, Стабилизатор-LM31 7T. Принцип на работа: Кога го приклучуваме уредот на мрежен напон, на примарот од трансформаторот доаѓа напон од 220V, кој трансформаторот го намалува на 24V.Потоа овој напон продожува на Грецовиот спој каде се исправува и се добива еднонасочен пулсирачки напон.овој дел од апаратот се нарекува Целобранов исправувач.потоа со помош на електролитскиот кондензатор С1 се пегла напонот и се добива напон кој e брановиден, но со мала амплитуда.со помош на С2 и C4 се блокираат високофрекфентните напони. LM31 7T го стабилизира напонот и се добива идеален еднонасочен напон.со делот кој се наоѓа под LM31 7T (потенциометарот и кондензаторот) се регулира излезниот напон (1,329V). Отпорникот R1 служи како повратна врска.осигурачот на влезот служи како заштита на уредот од протекување на преголема струја која ќе предизвика појава на висок напон и со тоа ќе го уништи уредот. Забелешка:Уредот дава 29V кога нема оптеретување(нема ништо поврзано на излезот). Благој Котевски Никола Бакрачевски II 4 9

Одмаздата уништувач на цели Универзуми Смртта на десетина војници од редот на германските војски, резултираше со крвна одмазда. Сето тоа доведе до масакар над илјадници невини луѓе, за кои Крагуевац и ден денес тагува. Уништувањето на еден човечки живот е еднакво на уништување на еден универзум Крагуевац е градот чија историја и сегашност го прави уникатен и препознатлив. Топлината, претставена од насмевките на жителите, и климата го прават исклучително необичен и примамлив за посета. Да се биде дел од овој прекрасен град е доживување кое раѓа незаборавни спомени, но и создава знаење кое ако ништо друго ќе претставува проширување на хоризнтот на нашите мисли. Една од впечатливите работи, која го прави приказна за себе, е Октомврискиот масакр. Овој настан се случил за време на Втората светска војна, односно на 20 Октомври 1 941 година. Причината за овој настан, претставува желбата за одмазда на германските војски. Таа одмазда била поставена на темелите на убиството на десетина германски војници од страна на партизанските одреди. Така устата на масакарот проголтала 2800 животи. 10

Вака големата цифра, всушност претставувала заплашување, а воедно и опомена која би значела прекинување на антифашистичката борба, со што настанот добива поголемо значење поради загинувањето, покрај другите жртви, и на учениците од петто три заедно со нивните наставници. Вака болниот настан, ги принудил жителите на Крагуевац да создадат посебна спомен област во која се подигнати споменици во чест на невино згаснатите универзуми, која се нарекува Шумарица. Во оваа област се наоѓаат: споменикот за стреланите ученици, на болката и пркосот, Сто за еден и многу други. Покрај ова постои и музеј наречен 21 Октомври, чија посета предизвикува морници и мрачно чувство од згаснувањето на сите тие универзуми, кои доколку би постоеле би биле корисни за општеството. Човечкиот живот е значаен и колку безначајно да изгледа во тоа бескрајно море. Сечија животна приказна, како мало зрно песок, е полна со искуства кои ни пренесуваат дел од она по што човештвото жедно трага, а тоа е смислата на животот. Во таа потрага многу често се губиме и се покоруваме на избувливоста и чувството за одмазда, кое како во овој историски настан згасна толку многу невини животи. Дарко Мирчев III 5 11

Секција "Алгоритми" Секцијата "Алгоритми" е секција со цел сите ученици заинтересирани за било каков вид на програмирање да дојдат, да ги споделат своите знаења и да научат многу повеќе околу смерот во кој се упатиле. Идејата беше на професорот Петар Адамовски уште во почетокот на школската година. Тоа беше многу брзо реализирано, така што првиот час беше одржан во првата седмица на октомври. Во почетокот се држеше настава за "Основи на програмирањето" а потоа започна и практичната работа, решавањето на задачи. Во секцијата членуваат 22 ученици од прва до четврта година. Имаше голем интерес за совладување на повеќе од програмерските јазици како што се: C, C#, C++, PHP. Освен тоа, што секциајта се држеше во училиштето, имаше и интернет конференција еднаш неделно за нејасни прашања, решавање на проблем или задавање на задача од страна на професорот. Се држеа интернет конференции и преку зимскиот распуст. Контактирањето на членовите од секцијата се олесни со изработката на форумот www.komunikacija.ws.mk од страна на Даниел Калевски. 12 I 4 Даниел Калевски

Освојувачот Тргна во бој со планинете, се бореше храбро со далнините. Не се плашеше од ноќите тешки иако ги искачуваше пешки. Водеше битка, силна, права, одеше напред со крената глава. Планината знаеше да биде твоја пријателка драга, се додека од тебе не исчезне секаква трага. Тргнуваше уште рано в зори, а во тебе го имаше оној пламен во срцето што гори. Во тој копнеж имаше желба мала со јасен блескот во мислата ми се збрала. Нема планина што не ја запре од удар силен падна како жртва в натре. Патуваше во далечната шир, а сега некаде залутан во планината го имаше саканиот мир. Знаеш дека сите со тебе беа, а сега од нив не се слуша ни глас ни смеа. Ќе останеш во нашите срца како спомен вечен, ги победи планините, а во тоа беше решен. Еве поминаа и години 1 9 цели, а сеуште секој за тебе гордоста ја дели. 13 III 1 Марија Ангелова

Гратис гушкање Кампањата,, Гратис гушкање се смета за најголемото социјално движење во светот, која за првпат беше спроведена во Сиднеј, Австралија од страна на Хуан Ман, на кој подоцна му се приклучија голем број на хуманитарни проекти во светски рамки. Својата популарност ја доби во 2006 год. благодарение на еден видео- клип кој бил распространет на You Tube. Оваа кампања претставува симболичен амбасадор на планетарната љубов која верува во моќта на директниот контакт, во моќта на љубовта и прегратката. Целта е да биде изграден свет со повеќе љубов за идните генерации. Концептот базиран на тимска работа, поаѓа од мотото,, повеќе љубов за луѓето и е во сензационален пораст кој не е случајност, туку логички резултат на правилни одлуки, храбра визија и иновативни решенија ориентирани кон иднината. Така, и неколку ученици од нашето училиште, членови на Младинската организација во училиштето, поттикнати од идеите и вредностите што ги следи оваа кампања, на само неколку дена пред дочекот на новата година и почетокот на зимскиот распуст се приклучија на овој светски проект и делеа гратис прегратки на своите соученици. Понесени и од веќе присутната позитивна енергија заради претстојните новогодишни празници и зимскиот распуст и желбата да се биде дел од оваа кампања, на 28 декември 2011 г. во училиштето се гушкаше и тоа МНОГУ. Се гушкаа познати и непознати, другари и другарки, пријатели и пријатели само на Facebook, симпатии, блиски и не толку блиски. Се гушкаа и ученици и професори. Сите кои учествуваа имаа пријатни искуства. Во Техничко се чувствуваше размена на позитивна енергија, универзална љубов. Кристина Мијајлевска III 4 14

Забава 1. Судоку Начин на пополнување: Се внесуваат бројки од 1 до 9 така што да не се повторуваат хоризонтално и вертикално. 2. Логички прашања 2.1. Татко и син имаат сообраќајна несреќа, таткото умира на лице место а синот го носат во болница. Таму докторот гледајќи го детето запрепастено вели: "ова е мојот син!" Кој е докторот? 2.2. После седум часови летање останува уште 1 /5 од патот. Но, после 1 час летање, откажал едниот мотор, па авионот летал побавно. Летот траел вкупно 1 0 часа. Моторот не успеале да го поправат. Колку време ќе му треба на авионот за да се врати? 2.3. Во еден град постојат само двајца фризери. Ги гледаш двата фризерски салони. Едниот е валкан и растурен, а фризерот има ужасна фризура. Другиот е чист и среден, а фризерот има добра фризура. Кај кој фризер ќе одиш да се стрижеш? 15

ОД НАЈСТАРИТЕ ЛИТЕРАТУРИ ВО СВЕТОТ Староегипетска литература Птахотеп(околу 2500 г. п. н. е Поуките на мудроста Усоврши го својот говор, сето внимание ќе го свртиш кон себе Од незнајкото учи како и од мудрецот На вештините не им се поставени меѓи Нема познавач што стигнува до совршенството Убава мисла, поскапа и од најскапоцениот камен Ќе најдеш и во срцето на слугинката Не шири го срцето свое поради сето она што го знаеш Индиска литература Веди Молитвата ГАЈАТРИ ОМ, ОМ, СВЕТЛОСНА МАЈКО! Ти којашто престојуваш во трите времиња во трите подрачја и во трите својства осветли го мојот ум и растерај го моето незнаење исто онака како што светлоста на Сонцето Арапска литература Прва љубов Абу Темам Однеси го каде што сакаш вжареното срце свое,, ама тоа секогаш се враќа по трагата на првата љубов. Колку домови ќе засака човек во светот, ама секогаш мечтае само по првиот праг.